Добра вест за возачите: Од полноќ поевтин бензин и дизел

 

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за денар, а дизелот за 1,5 денари. Според одлуката која денеска ја донесе Регулаторната Комисија за енергетика, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95  ќе изнесува 77,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 79 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 66 денари. Екстра  лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за денар, а литар од овој енргенс ќе се продава за 55 денари. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,834 денари за килограм и ќе чини 38,620 денари.

РКЕ ја донесе одлуката за поевтинување на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и одност на денарот во однос на доларот во изминатите две  недели.

25.08.2014 - 13:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега