Во јуни потрошени 585.582 мегават часови електрична енергија
Во јуни годинава во Македонија се потрошени 585.582 мегават часови електрична енергија, 2.984 милиони нормални метри кубни природен гас, 385.998 тони јаглен и 62.321 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 56,7 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, а 94,9 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
25.08.2014 - 13:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа