До крајот на годината 100 вработувања во ОДВ Електрик
Една од причните ОДВ Електрик да инвестира токму во струшката индустриска зона е тоа што охридско-струшкиот регион уште во времето на Југославија беше еден од најиндустриски развиените региони. Компании како Емо, Застава, Лихнида, Братство, Стружанка вработуваа илјадници луѓе и токму тие поранешни вработени во овие компании, беа една од основните прични зошто оваа компанија одбра токму овде да ја лоцира својата фабрика.
Ова во вестите на Сител телевизија го истакна директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо.
- Во разговорите со потенцијални вработени кои ги направивме заедно до АВРМ, тие навистина увидоа дека постои една индустриска традиција и знаење и по кратка обука тие луѓе можат да работат по највисоките стандарди, како во Европа така и во светот. Од таа гледна точка можам да кажам дека во моментов ова е петтата недела на обучување на првите 15 вработени во ОДВ Електрик, во моментов тие се наоѓаат во Украина, а за две недели од денес машините за фабриката ќе пристигнат, што значи дека во постоечкиот објект во Охрид адаптацијата ќе биде наскоро завршена, посочи Мизо.
Наскоро, како што посочи , ќе започне и изградбата на ниванта фабрика во ТИРЗ Струга во која ќе се вработат 1.000 луѓе.
- Се разговара и со други компании кои го разгледуваат охридско-струшкиот регион, дел од нив ја гледаат можноста токму во оваа зона, но дел од нив ги разгледуваат и потенцијалните погони кои веќе постојат и кои во минатото работеле како гиганти. Во крајни преговори сме да се одлучи на кој начин овие компании ќе влезат во Македонија, и нормално се надеваме дека таа одлука ќе биде позитивна, потенцираше Мизо.
Оваа недела започнуваме со изградба на инфраструктурата, што значи дека до крајот на идната година, кога сметаме дека и компанијата ОДВ Електрик ќе го има првиот функционален објект, дотогаш ќе имаме и целосно функционална технолошко-индустриска зона, која ќе го прими првиот производствен погон, а со тек на време, како што ќе доаѓаат и други компании ќе се доградува таа инфраструктура, додаде тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа