Целосно обновен локалниот пат Кадино-Миладиновци

 

Целосно е обновен локалниот пат Кадино-Миладиновци во должина од 2.700 метри и ширина од 6 метри. Општина Илинден го реализира проектот во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. 

Покрај новиот асфалт со рехабилитацијата е опфатено и уредување на одводнувањето на атмосферските води кое е овозможено со надолжни и попречните наклони на коловозот со странично испуштање (во одводни канавки), изградени се банкини од двете страни на патот, а поставена е и нова хоризонтална и вертикална сигнализација. Прв пат на оваа делница од патот поставени се и сообраќајни столбчиња за одбележување на патот кои придонесуваат за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот особено во вечерните часови.

Локалниот пат Кадино-Миладиновци е од исклучително значење за граѓаните на Општина Илинден бидејќи ги поврзува шесте населени места (Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Ајватовци и Бунарџик) со останатите шест населени места (Миладиновци, Бујковци, Мршевци,Бучинци, Текија, и Дељадровци) и претставува главна патна артерија, преку која жителите од сите 12 населени места во општината секојдневно транзитираат, се вели во соопштението  од Општина Илинден.

Вкупната инвестиција е 16,5 милиони денари.

26.08.2014 - 11:13
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега