Подобрена економската состојба на деловните субјекти

 

Економската состојба на деловните субјекти во јули 2014 година била поповолна во однос на претходниот месец, а останала на исто ниво во однос на јули 2013 година, сметаат раководителите на фирмите.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, како што соопшти Државниот завод за статистика, е поповолна во однос на претходниот месец.

Обемот на производството во јули 2014 година е поповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените.

Во јули 2014 година залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата, залихите на готовите производи во јули 2014 година се зголемени во споредба со претходниот месец, а просечното искористување на капацитетите изнесува 61,6 отсто.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство имаат недоволната странска побарувачка со 22,2 процента, недоволната домашна побарувачка со 18,5, неизвесното економско опкружување со 9,2 и финансиските проблеми со 8,9 отсто.

26.08.2014 - 13:25
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега