Статистика: Годинава намален бројот на разводи во Македонија
Природниот прираст во вториот квартал од годинава е 1.039 лица. За толку бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените.
Како што соопштува Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2014 година во споредба со истиот период лани е поголем за четири проценти и изнесува 5.809, а бројот на умрените бележи зголемување од 2,6 отсто и изнесува 4.770 лица од кои 48 се доенчиња.
Склучувањето на браковите во ова тримесечје бележи намалување за 0,1 отсто во споредба со истиот период во 2013-та и изнесува 3.313. Опаѓа и бројот на разведените за два отсто во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број е 538, говорат податоците на Статистика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа