Скопјанец си го ранил синот со штрафцигер - семејна драма во Карпош 4
Синоќа маж од Скопје бил приведен од страна на полицијата откако отворил оган од автоматска пушка во својот стан во втората кула на улицата Вич во Карпош 4.
Според информациите на МВР, при семејна расправија 52-годишниот И.Т. со пиштол двапати пукал во телевизорот во својот стан, бидејќи започнал вербална расправија со својот 23-годишен син М.Т. и неговата 54-годишната С.Т. инаку негова поранешна сопруга.
При расправијата во обид синот да ја заштити мајката со која иако И.Т. бил разведен, сепак живееле заедно, бил нападнат и ранет од таткото со шрафцигер.