Скопје: Младо момче загина откако со своето кавасаки се заби во автобус
Вчера се случила страотна сообраќајна несреќа во која 29-годишниот Мустафа Ѓ. од Глумово го загубил животот.
Несреќата се случила на раскрсницата со улиците „Ѓорче Петров“ и „Сремски Фронт“. Скопјанецот управувајќи со мотор марка „кавасаки“ удрил во автобус, управуван од страна на А.И. од Скопје и за жал починал на местото на настанот.
Неговото тело е предадено за обдукција.