Од денеска одобренија за градба ќе се издаваат по електронски пат
Од денеска целокупната постапка за издавање одобренија за градба ќе се одвива електронски. Барањето ќе се поднесува електронски и одобрението ќе се издава во електронска форма.
Целокупниот процес од апликација се до издавање одобрение за градба и жалбената постапка ќе оди по електронски пат. Општините исто така електронски ќе комуницираат со своите служби во рамки на општината, како и со институциите и јавните претпријатија од кои треба да добијат соодветните согласности. Откако сите документи ќе бидат во ред по електронски пат општината ќе биде информирана дека се платени комуналиите и одобрението по електронски пат ќе биде дадено. Постапката треба да се поедностави, да се забрза и да стане потранспарентна, бидејќи секој барател во секој момент ќе може да види кај кого е неговиот предмет. Досега според законското решение дозволата требаше да се издаде до 45 дена, а сега се очекува тоа да се скрати.
ФОТО: Нетпрес