Се отвори скопска „спонзоруша": Не излегувам од дома за под 150 евра!

Човек не смее да биде прост во ова време. Kога станува збор за секс-дружба со бизнис или со политичката елита, девојката мора да работи и на себе. Да изгледа добро и да знае доста од светот на бизнисот и од светот на политиката. Да има свое мислење и секогаш да биде на страната на „пријателот“ колку и да е грешен. Не поднесувам груби и прости мажи. Сакам мажи кои се господа, вели една млада девојка за Дневник, која се претставила како Ивана и на која човек одвај би и дал дваесет и две-три години.

Но, оваа триесетгодишна русокоса, по која се свртеа барем десетина мажи во кафулето каде што ја договориве средбата, изгледа мошне опушено на прв поглед. 

- Ако една девојка добро изгледа, ако е весела, ако е паметна, лесно може да влезе во кругот на девојки кои се дружат само со елитата. Секој сака покрај себе убавина и задоволства. Јас научив како тоа се прави, но сакам да потенцирам дека сум имала и многу тешки моменти. Но, тоа е животот. До клиенти се доаѓа единствено само со препорака и тука станува збор за затворен круг луѓе. Девојките им се нудат на пријателите, па потоа пријателите на свои пријатели, но главно богати мажи, кои се галантни, излегуваат во скапи кафулиња, во дискретни сепареа. С` е доброволно, нема ништо насила. Станува збор за луѓе-господа, кои не сакаат времето да го минуваат со прости жени, туку со убавици кои знаат што е живот и кои немаат предрасуди - раскажува Ивана.

Ивана вели дека не излегува од дома под 150 евра.

- Не станува збор за секс, туку за начин на живеење. И единствено жалам зошто не почнав порано, сега којзнае каде ќе бев. А домаќинките нека не се занесуваат дека нивните богати мажи седат мирни. Сум била на десетина „службени“ патувања. За неколку незаборавни дена во прошетки и нежности од успешен маж, на кој сум му центар на вниманието од рано наутро до вечерта, се враќам дома потполно нова, полна со самодоверба и со полн паричник. Работам и имам добра плата, но јас, едноставно, сакам да сум опкружена со моќни мажи, кои се успешни бизнисмени - вели Ивана.

Таа додава дека никогаш не ~ недостигале градски манири оти растела во Скопје, учела во одлична гимназија, дипломирала на Правниот факултет. Вели дека имала убаво детство, не живеела во луксуз, ама родителите ~ ги овозможиле сите задоволства, летувања, зимувања, образование, комоција, а кога наполнила 18 години ~ купиле и автомобил.

- Не се доживувам како проститутка и многу ме нервира кога така н` нарекуваат. Јас сум само девојка што сака да ужива, доброволно излегувам со мажи кои не се голтари. Kолку повеќе имаат пари толку повеќе сум спремна на с`. Ме возбудува чувството дека маж кој е моќен и самоуверен и успешен ми угодува мене - ја продолжува својата приказна Ивана.

Вели дека почнала сосем случајно, од љубопитство и желба за пари.

- Една моја пријателка, која секогаш живееше во сиромаштија, одеднаш почна да живее на висока нога. Ја земаа од дома со бесни автомобили, а таа кога минуваше по улица мислам дека на сите соседи ќе им испаднеа очите. Во една пригода ми се довери што прави. Не ја осудив, туку ја поддржав. Но, ми беше мака зошто јас мора потешкиот пат да го одам. Со автобус на факултет, со стари сандали на забава, за работа врски фаќаше татко ми. А на сосетката сами ~ се нудеа, не должеше никому ништо и беше среќна. Еден од нејзините љубовници ~ купи и стан и сега ужива во животот - вели Ивана.

Таа додава дека пред шест години ја поканила згодната сосетка да излезат на кафе, потоа почнале с` почесто да се гледаат.

- Ги следев сите нејзини движења насмевки, реплики, ме запозна со нејзини пријатели. Еден нејзин поранешен љубовник ми се јави на телефон. Ме покани да излеземе, на ручек. Прифатив. Ме чекаше пред зграда со џип, а јас кога го видов, сфатив дека нема враќање. Ме однесе на ручек во еден ресторан на влезот во Скопје. Беше многу учтив, разговаравме и се смеевме на многу теми. Потоа ме покани да отидеме кај него. Знаев дека треба да се случи тоа, но и покрај големата желба, јас едноставно не можев. Се тресев како лист, се плашев. Но, кога влеговме кај него дома, кога видов во каков луксуз живее, заборавив на с`. Пари не му побарав, тој си знаеше однапред и пред да ме врати дома, извади од паричникот 100 евра и ми рече: „Почести се“. Потоа ме препорачал на пријател. Сега ми е само важно како ќе се дотерам, колку пати одам во козметичко студио, со кого седам во сепаре и кој ме бара на телефон. Точно е дека неколку пати во одбрано друштво, заради расположение, сум зела и кокаин, тоа страшно ме опушта, иако срцето ми чука толку силно што ќе ми излезе од градите. Неколку пати сум помислила и да се смирам, да се вљубам и да заборавам. Сакам деца, но не сега. Уште малку да поуживам и крајот ќе му родам дете на некој со многу пари - вака се гледа Ивана себеси по пет години.

Повеќе на Дневник.

27.08.2014 - 11:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега