Раст на индустриското производство за речиси 6%
Државната статистика регистрираше раст на индустриското производство од 5,9% во јули во споредба со јули минатата година.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули годинава пак, во однос на истиот период лани бележи раст од 4.7%.
Континуираниот раст на индустриското производство е показател на поволните состојби во економијата и предвесник на индните трендови на пазарот, сметаат експертите и бизнисмените. Растот на индустриското производство предизвикува и раст на оптимизмот во бизнисот, а истото е поволно и за останатите показатели и сектори, како извозот и градежништовото, а воопшто и целата економија, пишува Лидер.
„Имаме рехабилитација на индустриското производство. Веќе можеме да кажеме дека градежништвото ќе биде една од водечките гранки која ќе треба да ја креира планираната стапка на раст на БДП од 3,7 проценти“ изјави неодамна за Лидер универзитетскиот професор, Томе Неновски.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство најмногу бележи раст во преработувачката индустрија од 10,4%, како и кај производството на интермедијарни производи, освен енергија за 5.5%, кај капитални производи за 47.6% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2%, додека опаѓање бележи кај енергија за 8.8% и трајни производи за широка потрошувачка за 9.2%. Пад на производството има и во секторот рударство и вадење на камен од 12.0%.
Целата анализа прочитајте ја на Лидер
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа