Информативен ден за Програмата на НАТО

 

Информативен ден посветен на Програмата на НАТО-Наука за мир и безбедност ќе се одржи денеска во Скопје.

Oбраќања ќе имаат заменик-министрите за одбрана Емил Димитриев и за надворешни работи Зоран Петров.

 

Целта е да се изврши преглед на придобивките и можностите на програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност, и да се увиди начинот на кој Алијансата се справува со новите безбедносни предизвици и тоа преку научна соработка со партнерите. Воедно, на активноста на која учествуваат претставници од државните институции, универзитетски професори, експерти и лица од науката и невладиниот сектор, ќе стане збор и за можностите за продлабочување и проширување на соработката на НАТО и партнерите во областа на науката и иновациите.

 

најчитано сега