Мобилни, велосипеди и пари - маж „пустошел“ низ Охрид

 

Охридската полиција поднесе  кривична пријава против В.Ш.(31) од село Октиси, струшко за сторени осум кривични дела „тешка кражба“ и четири кривични дела „кражба“.

Пријавениот континуирано во периодот од 13.07. до 21.08.2014 година, на различни локации во Охрид со употреба на физичка сила и погоден алат и при згодна прилика, извршил серија на тешки кражби и кражби при што одзел пари, мобилни телефони, седативи, велосипеди и друго, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 337.000 денари.

29.08.2014 - 13:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега