Прилепчанец продавал кокаин на малолетно дете

 

Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против В.К.(23) од Прилеп за сторени кривични дела „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанци“.

Имено, во текот на месец ноември 2013 година од страна на полициски службеници е извршен претрес во домот на пријавениот каде е пронајдена паковка со 0,43 грама прокаин, кофеин и метамизол, а при личен преглед кај истиот пронајдена  е паковка со 0,22 грама кокаин. 

Во истиот период, во ноќен клуб во Прилеп пријавениот овозможил уживање на наркотична дрога – кокаин на малолетно лице од Прилеп.

29.08.2014 - 14:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега