Фатен првоосомничениот за мини-фабриката за марихуана во Драчево
Вчера припадниците на Единицата “Aлфа“ го лоцираа и приведоа 32-годишниот А.Г. од Скопје кој беше баран по наредба на Основен суд Скопје 1.
Разбојникот бил приведен во ресторанот “Панорама“ во село Волково синоќа во 1 часот.
А.Г. е првоосомничен во случајот со мини фабриката за производство на марихуана откриена во магацински простор во скопската населба Драчево во декември 2011 година. Како што МВР тогаш ја информираше јавноста во магацинскиот простор беа откриени 1000 садници канабис сатива, односно марихуана, распоредени во 24 реда а просторот беше опремен со системи за наводнување, вентилација, греење и прехранување на растенијата.