МНР: Регистрирањето на новинарката Костовска како непожелна во Грција е кршење на слободата на движење

 

Изненадени сме од одлуката на грчките погранични органи кои  вчера не и дозволија влез на уредникот на надворешно-политичката редакција на весникот „Дневник” Ивана Костовска, која патувала приватно во Грција, се наведува во денешната реакција на МНР.

Регистрирањето на новинарот Костовска како опасност за јавниот ред и безбедност, јавното здравје и меѓународните односи  и оттаму како непожелна личност во Грција, претставува кршење на една од основните демократски слободи - слободата на движење, реагираат од МНР.

Наведените причини заради кои не и се дозволува влез под превезот за заштита на националната безбедност на Грција, се метод користен во некои одамна заборавени времиња, наведуваат од МНР.

ФОТО: Журнал

најчитано сега