Донација од Холандија за македонското Министерство за одбрана

 

Министерството за одбрана денеска доби донација од Кралството Холандија, наменета за развивање на капацитетите за комуникација со јавноста.

Се работи за донација составена од техничка опрема, мебел, реновирање на просториите и доедукација на вработените во Одделението во областа на графичкиот дизајн и видео-продукцијата.

- Соработката помеѓу Министерство за одбрана и Кралството Холандија е на завидно ниво, со голем број проекти иницирани со цел постојан развој и работа согласно стандардите на НАТО. Со оваа донација се зајакнуваат капацитетите на Министерството за комуницирање со јавноста и се доближуваат активностите на МО и на АРМ до сите граѓани на Македонија, оцени министерот за одбрана Талат Џафери на свеченоста по повод примопредавањето на донацијата. 

 

- Чест ми е да ја отворам оваа донација и среќна сум што имаме можност да ја поддржиме Македонија во реформите со цел креирање модерна и транспарентна Армија, наведе амбасадорката Шруман.

ФОТО: Влада

најчитано сега