Не е лесно со пумпашите: Неуспешен обид за грабеж на бензинска во Скопје

 

Пропаднал обидот на 43 годишен скопјанец да изврши грабеж на бензинската пумпа лоцирана на улицата Козле во Скопје. Како што информира МВР, Ц.В. (43) во четвртокот околу 04:55 часот утрото, почнал да им се заканува на вработените на бензинската дека ќе прави проблеми ако не му го даат дневниот пазар. Сепак, двајцата вработени на бензинската пумпа успеале да го совладаат и им го предале на полициските службеници од станицата во Карпош. 
Судија на претходна постапка веднаш му одредил мерка притвор во траење од 30 дена. 
Пријавениот и од претходно и е познат на полицијата за исто кривично дело.

30.08.2014 - 11:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега