Закупил стан во Автокоманда и дилал дрога - скопски дилер заврши зад решетки

 

На скопјанецот М.Д. (31) му е одредена мерка притвор во траење од 15 денови поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Според МВР, М.Д., познат дилер на синтетички дроги, досега двапати кривично пријавуван, е приеведен во рамки на оперативната акција „Мрежа“.

Единицата за недозволена трговија со дрога презеде мерки и активности за документирање на сознанието дека М.Д. закупил стан под наем во Автокоманда од каде по претходен телефонски договор со уживатели, од дома им продавал анфетамин, екстази, хашиш смола и марихуана, а понекогаш им овозможувал и користење во неговиот дом, По преземените опертивни мерки во непосредна близина на домот на пријавениот, на едно лице од Скопје му извршен личен преглед и кај него се пронајдени 0,42 грама анфетамин. По ова, завчера беше извршен претрес и во домот и во други простории на М.Д., при што  се  пронајдени и одземени  49,62 грама марихуана, пет таблети екстази, незначителни количества (четри милилитри) хашиш смола, два пластични сада, во кои била изработувана смолата и дигитална вада со остатоци од синтетички дроги.

М.Д. е приведен во службените простории на СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, каде одбивал да даде појаснување за пронајдената наркотична дрога во неговиот дом, како и за тоа од кого и од каде ја набавил.

Досега во рамки на акцијата „Мрежа“ се уапсени над 100 лица и се запленети околу 510 килограми разни видови дрога.

30.08.2014 - 12:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега