Хрватска, Украина и Ангола го отворија Мундобаскетот со победи
На Светското првенство во кошарка што денеска почна во Шпанија досега завршија три натпревари. Најмногу проблеми да стигне до триумф имаше Хрватска, која мораше да игра и продолжение. Четвртопласираната селекција од последното Европско првенство, Хрватска го победи тимот на Филипини со 81:78. Овој натпревар беше од групата Б.
Во рамките на Ц групата Украина ја победи Доминиканска република со 72:62, додека во Д групата Ангола славеше над Јужна Кореа со 80:69.
Распоред на натпреварите од 1.коло:
А група:
Египет – Србија во тек
Франција – Бразил (почеток 18 часот)
Иран – Шпанија (почеток 22 часот)
Б група:
Хрватска – Филипини 81:78 продолжение
Порторико – Аргентина (почеток 17:30 часот)
Грција – Сенегал (почеток 20 часот)
Ц група :
Украина – Доминиканска република 72:62
Нов Зеланд – Турција (почеток 16.30 часот)
САД – Финска (почеток 21.30 часот)
Д група :
Ангола – Јужна Кореа 80:69
Австралија – Словенија (почеток 17.30 часот)
Мексико – Литванија (почеток 20 часот).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа