Тешко повредената малолетничка од Куманово сеуште се бори за живот

 

Кумановската полиција информираше дека сообраќајната несреќа во која вчера двајца пешаци се здобија со тешки телесни повреди, а двајца возачи со телесни повреди се случила откако возачот  на патничко моторно возило „БМВ“ движејќи се кон центарот на градот, пред крстосницата, изгубил контрола, при што удрил во бетонска жардињера, а потоа удрил во задната страна на автомобил „РЕНО“ кој го управувал 44-годишниот И.Н., кој чекал на семафорот.

 

- До несреќата дошло, откако 35-годишниот Б.М. кој управувал со патничко моторно возило, марка „БМВ“, со кумановски регистарски таблички, движејќи се кон центарот, пред крстосницата, изгубил контрола, при што удрил во бетонска жардињера, а потоа удрил во задната страна на автомобил „РЕНО“ кој го управуван 44-годишниот И.Н., кој чекал на семафорот. Од ударот автомобилот „рено“ удрил во друго возило кое се наоѓало пред него, а потоа излетало на десна страна од коловозот и удрило во петнаесетгодишните А.С и Т.Ц кои стоеле на тротоарот, рече  Валентина Николовска од СВР Куманово.

 

По незгодата, во кумановската болница биле пренесени и пешаците и возачот И.Н. Двете девојчиња се пренесени во Ургентен центар во Скопје и Т.Ц. се уште е во животна опсаност. Возачот на „реното“ е задржан на лекување, а подоцна и возачот на автомобилот  „бмв“, Б.М. се јавил на лекар по што и тој е задржан на лекување.

 

 

најчитано сега