Рома ја совлада Фиорентина во првото дерби во новата сезона на италијанската Калчо лига
Првото дерби од новата сезона во серија А, и припадна на екипата на Рома која синоќа пред својата публика ја победи Фиорентина со 2:0.
Во дуелот на второ и четврто пласираните екипи од минатата сезона, екипата на Рома до победата ја предводеа, Раџа Наинголан во 20-минута и Жервоњо во последната 90-минута.
И шампионот Јувентус со победа ја започна одбраната на титулата, совладувајќи го Киево на гостински терен минимално со 1:0 благодарение на автоголот на Кристијано Бираџи уште во шестата минута од средбата.
Денеска се играат преостанатите средби од 1. коло, а двојките се: Милан – Лацио, Аталанта - Верона (од 18 часот), Удинезе – Емполи, Торино – Интер, Сасуоло – Каљари, Палермо – Сампдорија, Џенова – Наполи и Чезена – Парма (од 20:45 часот).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа