Утре повторно невреме: Дожд грмежи и силен ветер
Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со локален пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот, а во крајните западни делови врнежите ќе бидат пообилни.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 20 до 28 степени.
Во Скопје времето попладне ќе биде нестабилно облачно, со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
ФОТО: Денешен