ГОСТИВАР: Паднал од четврти кат
При пад од четврти кат 38 годишен градежен работник од Гостивар се здобил со тешки повреди, информира полицијата.
Несреќата се случила утрово околу 8:30 часот кога Г.З. изведувајќи градежни работи на градежен објект на улицата Никола Парапунов во гостиварската наслеба Малеари загубил контрола и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди.
Како што инофмира полицијата, веднаш му била укажана медицинска помош, а поради сериозноста на повредите итно е префрлен на скопските Клиники.
На местото излегол Јавен обвинител, полициска увидна екипа и претставници на Државниот инспекторат за труд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа