Домашни бајадери

 

Оваа вкусна чоколадна магија ќе ја засакате многу повеќе кога ќе научите да ја подготвите за само 20 минути.

Состојки:

  • 9 лажици вода
  • 200g шеќери
  • 150g  мелени ореви, бадеми или лешници
  • 250g мелени бисквити
  • 170g путер
  • 100g чоколадо за готвење

За глазура:

  • 100g чоколадо за готвење
  • Масло

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ја водата со шеќерот и загревајте додека шеќерот не се растопи. Додајте го путерот и мешајте додека не се стопи. Кога путерот потполно ќе се соедини, додајте ги оревите и бисквитите, па добро промешајте додека не добиете изедначена смеса.

Добиената смеса поделете ја на 2 еднакви дела.

Чоколадото стопете го на пареа и измешајте го со еден дел од смесата.

На послужавник ставете хартија за печење и истурете ја чоколадната смеса и со рацете обликувајте правоаголник. Повторете ја постапката и со белата смеса.

Прелијте ја бајадерата со стопено чоколадо и оставете ја во ладилник најмалку 3 часа.

Извор: Crno Belo

02.09.2014 - 10:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега