Струшко: Му влегле дома и го претепале заедно со пријателите
Со тврд предмет удриајќи го по главата, две лица на возраст од 34 и 35 години тешко го повредиле 54 годишниот С.Е. а уште две лица на возраст од 61 и 63 години заработиле лесни повреди. Инцидентот се случил вчера околу 20 часот во домот на 63 годишниот Ш.Х. во струшко Радолишта. Од се уште неутврдеи причини Б.Х.(34) и Ш.Х.(35) почнале да ги тепаат И.А.(61) и С.Е.(54) и Ш.Х.(63) при што едниот, поради сериозноста на повредните е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Двајцата насилници веднаш се приведени од полицијата
02.09.2014 - 13:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа