Делови од Скопје без струја

Корисниците од село Батинци лоцирани на улиците „5“, „6“, „7“ и „8“, утре од 7:30 до 13 часот ќе останат без електрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицита „1“, „2“, „3“, „4“ и „5“ во село Грчец, дел од село Студеничани, како и улицата „Димче Мечето“ и дел од улицата „Волт Дизни“ во општина Шуто Оризари.

Во период од 10 до 13 часот струја ќе немаат и корисниците од булеварот „Теодосиј Гологанов“ број 193 и 196 во општина Карпош, а од 7 до 07:45 часот корисниците од објектите Оптима, Ролопласт, Феликс, ФудБазар, Чеза Комерц, мотел Белви, Виор Белви, Вичишки, Макпетрол, ДХЛ, Винекс и околните објекти во општина Илинден.

Од 8 до 12 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „Перица Савељиќ“ во општина Центар, од 6:20 до 7 часот корисниците од Бела Земја, дел од село Кадино, стопанските објекти Кратер, Бета Шпед, Мак Инвест и дел од село Марино, додека од 8:30 до 14:30 часот струја ќе немаат корисниците од дел од улицата „Хо Ши Мин“ во општина Бутел.

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од стран на ЕВН Македонија АД, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

02.09.2014 - 22:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега