Забрана за пиење вода во четири јавни чешми на Водно

 

Со решение од Агенцијата за храна и ветеринарство се забранува употреба на водата за пиење од јавните чешми кај Жичарницата – Средно Водно, од преливната цевка на Средно Водно, под црквата Свети Јован – Капиштец и чешмата во дворот на шумската куќа на Средно Водно.

- По лабораториската анализа на хемиска и бактериолошка исправност констатирано е дека водата не одговара на правилникот за безбедност поради зголемен број на колиформи бактерии и поради наод на Escherihia Coli, се наведува во денешното соопштение о општина Центар.

Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува перманентна дезинфекција на водата, а од општина Центар напоменуваат дека овие води не се од водоснабдителниот систем на ЈП „Водовод“.

03.09.2014 - 10:52
Фото: 
Дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега