Доделени нови 50 решенија за легализација во Кисела Вода

Во Општина Кисела Вода денеска се доделени уште 50 решенија за легализација на дивоградби.

- Со цел да им се излезе во пресрет на сите граѓани, Владата на Република Македонија  го продолжи рокот за доставување на потребната документација до 31.12.2015, а општина Кисела Вода воведе повеќе технички мерки за подобрување на динамиката на решавање на предметите. Резултатите се евидентни. Од вкупно 11.874 достасани предмети, решени се 3.062, истакна градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

Според неа,  се намалува и бројот на граѓани кои немаат доставено геодетски елаборат и заклучно со денеска нивниот број изнесува 3.802. Изготвени се 72 урбанистички согласности, од кои за 62 се чека уплата за постапката за изготвување на решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.

- Заокружување на процесот на легализација ќе биде заеднички успех.  На овој начин и жителите на општината кои во овој момент поседуваат дивоградба, заедно со општината, ќе можат да делуваат во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа, наведе градоначалничката Беличанец-Алексиќ. 

03.09.2014 - 12:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега