Продал шест гробни места, а парите си ги ставил в џеб - битолчанец го злоупотребил своето работното место
Битолската полиција поднесе кривична пријава против 51- годишниот Ј.Р. од Битола вработен како одговорен на Буковски гробишта во ЈП„Комуналец“-Битола за сторени три кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот во текот на 2011, 2013 и 2014 година на четири лица од Битола им продал шест гробни места при што парите не ги внел во благајната на ЈП „Комуналец“-Битола, а согласно договорот за вработување немал овластување да врши продажба ниту да прима уплата за гробни места, со што го оштетил претпријатието со 106.800 денари.
Полицијата работи на случајот.
03.09.2014 - 12:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа