Принцес крофни
Состојки за тесто:
· 3 dl вода
· 14 dag маргарин
· 18 dag брашно
· 6 јајца
· малку прашок за пециво
Состојки за кремот:
· 500 ml млеко
· 4 лажици шеќер
· 1 jajцe
· 1 ванилин шеќер
· 8 dag брашно
· 15 dag маргарин
· 200 ml слатка павлака
Припрема:
Ставете 3 dl вода да зоврие и додајте 14 dag маргарин, па варете 3 минути. Потоа додадете 18 dag брашно и добро измешајте. Гответе додека смесата не почне да се одвојува од садот. Прелијте во пластичен сад, оставете да се олади и на оладеното додавајте едно по едно јајце. Сé измешајте и миксирајте и на крај додадете малку прашок за пециво. Од готовата смеса направете мали топчиња и поставете ги на тавата со помош на мало кафено лажиче на одалеченост минимум од едно топче. Печете на 170 степени во претходно загреана рерна 30 минути и не ја отварајте рерната. Оставете печените принцес крофни да се оладат и за тоа време направете го кремот.
Во половина литар млеко, варејќи додајте го шеќерот и јајцата, додадете 8 dag брашно и ванилин шеќер. Откако кремот ќе се олади, во него додајте 15 dag маргарин кој претходно сте го миксирале. Направете цврст шлаг од 200 ml слатка павлака. Полнете ги испечените принцес крофни со жолтиот крем, па со шлагот и на крај поклопете ги. Можете да ги посипете со шеќер во прав или чоколаден прелив по избор.
Извор: Се за деца
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа