Каменуван минибусот на „МенсурТурс“ во скопско Влае

 

Непознати сторители вчера каменувале минибус, сопственост на компанијата „Менсур Турс“ кој превезувал патници пред мостот Влајко во скопската населба Влае.

Како што информираат од МВР, вчера околу 12:30 часот во Скопје на бул. „Партизански одреди“ пред мостот Влајко непознати сторители фрлале камења и бекатонски плочки кон минибусот, при што е скршено едно стакло, а едно лице повредно. На повредениот му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Наум Охридски”.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите

04.09.2014 - 13:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега