Ограбена џамијата во скопско Батинци

 

Непознат сторител вчера ја ограбил Санџак - џамија во скопското село Батинци.

МВР соопшти дека крадецот вчера изутрина во периодот меѓу 05,30 и 07,30 часот влегол во џамијата, ја пронашол металната кутија за доброволен прилог која се наоѓала заштрафена на sидот, насилно ја откорнал и ја одзел заедно со парите. Потоа се качил на спратот од џамијата и од  друга кутија со доброволен прилог, со оштетување на бравата ја отворил и ги одзел  парите, по што преку соседниот двор избегал во непознат правец.

Вкупната штета е проценета на  околу 2.000 денари

04.09.2014 - 13:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега