Куманово: Ја претепал мајка му за 200 евра

 

Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против Е.К.(21) од Куманово за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Пријавениот на 15.08.2014 година, во семејната куќа во Куманово почнал вербална расправија со неговата мајка на која и побарал пари, но откако таа не му дала физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, по што и одзел 200 евра, а потоа продолжил да ја удира нанесувајќи и тешка телесна повреда во пределот на главата.

04.09.2014 - 13:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега