ВИДЕО: Погледнете го брилијантниот потег со пета на Ибра

 

Фудбалската репрезентација на Италија со која Хрватска ќе ги одмери силите во квалификациите за ЕП 2016 година, во пријателска средба во Бари ја победи Холандија со 2-0.

„Аѕурите“ кои ги предводи Антонио Конте, прашањето на победникот го одмерија во првите 10 минути постигнувајќи два погодоци. Стрелци беа Чиро Имобие во 3 и Даниеле Де Роси во 10 минута. Виновен за пеналот беше Бруно мартинс Инди кој заработи црвен картон. Во продолжението Италија со играч повеќе рутински го сочува водството. 

Победа оствари и Франција која во Париз ја порази поранешната светски, но се уште европски шампион Шпанија со 1-0. Погодокот беше дело на Лоик Реми во 73 минута. 

Шведска без поголеми проблеми ја победи Естонија со 2-0, а двата погодоци ги постигна Златан Ибрахимовиќ (3,24)  вториот и со пета. Со новите два погодоци Ибра стигна до бројката од 50 погодоци во жолтиот дрес со што стана најдобар стрелец во историјата на шведската репрезентација. До сега рекордот го држеше Свен Ридли, кој до 1932 година постигна 49 погодоци. 

БиХ во Зениц пред 10.000 гледачи го победи Лихтенштајн со 3-0, а сите три погодоци паднаа во првите 25 минута. Домаќинот поведе со голот Ведад Ибишевиќ во 49 секумда од мечот. 

Истиот играч во 13 минута ја зголеми предноста, а конечниот резултат го постави Един Џеко во 25 минута. Ова беше последна подготвка за БиХ во пресрет на квалификациите за ЕУРО 2016 и мечот против Кипар. 

Белгија со головите на Мертенс (18) и Витсел (77) ја победи Австралија со (2-0)

 

 

05.09.2014 - 11:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега