Одлично издание на КК „Кожув“ на меѓународниот турнир во Белград

 

Кошаркарите на прволигашот „Кожув“ од Гевгелија се претставија во одлично издание на меѓународниот турнир во Белград.

По победите над „Слобода“ од Ужице и „ОКК“ - Белград, синоќа гевгеличани беа поразени од „Партизан“ со резултат 80:74 во интересен, динамичен и многу рамноправен меч.

- На синоќешната средба преовладуваше тимскиот дух што беше и главна цел на подготовките на Златибор. Сите играчи дадоа свој придонес за впечатливиот настап на „Кожув“ во Белград, изјави претседателот на клубот,Томица Главчев.

„Кожув“ вечер го игра последниот натпревар во Белград против ФМП и се враќа во Гевгелија каде ќе ги продолжи подготовките до настапите на меѓународните турнири во Солун,кон средината на месецот, и во Бургас кон крајот на месецот.

05.09.2014 - 13:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега