Викендов сообраќајот во Скопје ќе се поремети - еве каде нема да се вози

Градот Скопје утре и задутре во период од 7 до 17 часот воведува времен сообраќаен режим на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булевар „8 Септември“ до крстосницата со улица „Московска“.

Времениот режим, информираат од Градот, се воспоставува поради изведба на попречни прекопи за поставување подземна инсталација.

Оттаму ги молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај

05.09.2014 - 13:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега