Кои скопски населби ќе останат без вода?

Граѓаните од населбата „Бела Земја“ во општина Илинден и дел од селата Кадино и Марино, како и објектот на фирмата „Хавеп“ денеска од 06:30 до 07:30 часот ќе останат без струја.

Покрај ова, поради дефект на водоводна цевка на раскрсницата меѓу булеварите „Асном“ и „Србија“ во општина Аеродром од 08:30 часот без вода ќе бидат граѓаните кои живеат во високата зона на булеварот „Асном“.

Прекинот, како што информира Центарот за управување со кризи, ќе трае се до остранување на дефектот. 

06.09.2014 - 10:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега