Домаќинствата во Крива Паланка ќе плаќаат повисоки сметки за вода
Домаќинствата во Крива Паланка за вода за пиење наместо 17 денари за метар кубен ќе плаќаат по 24 денари. За правните лица износот од 26 денари се зголемува на 38 денари.
Зголемена е и цената на услугата за собирање смет за која наместо сегашните 143 денари месечно ќе се плаќаат по 230 денари, а за услугата за гробарина наместо 300 денари на годишно ниво ќе се плаќа по 500 денари.
- На ваков чекор се одлучивме за зголемување на цените на комуналните услуги по согледување на сите параметри, како и резултатите од пресметките кои укажуваат за нормално функционирање на претпријатието“, истакна Томе Тодоровски, директор на „ЈП „Комуналец“.
-Со оглед на фактот што ЈП „Комуналец“ во наредниот период има развојна програма во која се опфатени покрупните зафати, а тоа е реконструкција и проширување на водоводната мрежа, подобрувањето во собирањето на сметот, проширување на депонијата, одржување на јавните површини за здрава животна средина, изградба на капела и одржување на старите и нови градски гробишта, сето тоа бара нови дополнителни финансиски средства кои може да ги обезбедиме единствено преку зголемување на цените на услугите, кажа Тодоровски.