Проверете дали утре ќе останете без струја

Регионалниот центар за справување со кризи на Град Скопје за утре најавува времен прекин во напојувањето со електрична енергија за дел од корисниците во општините Бутел, Сарај, Илинден и Чучер Сандево.

Утре од 06:30 до 07:30 часот без струја ќе бидат корисниците од индустриската зона Визбегово во општина Бутел, од 08:30 до 12 часот од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец во општина Сарај, а од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од улиците: Хо Ши Мин, Краишка и Натанаил Кучевишки во Бутел. 

Од 9 до 12 часот се најавени прекини на струја за корисниците од населба Бела Земја во Илинден, дел од корисниците од селата Кадино и Марино, како и објектот на фирмата Хавеп во село Кадино, во општина Илинден, а од 9 до 15 часот, од ул. 1 во село Мирковци, во општина Чучер Сандево

08.09.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега