Град Скопје објави конкурс за финансирање проекти од културата

Град Скопје го објави конкурсот за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на градот за 2015 година.  

Годинава новина е тоа што се објавени два посебни конкурса со цел да се добијат  поквалитетни програми од јавните установи од областа на културата на Град Скопје.

Станува збор за конкурсот  за финансирање и поддршка  на програмите и дејноста на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје и за конкурсот  за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје.

- Со воведување на овие измени се стремиме да  им  се излезе во пресрет на граѓаните, уметниците, невладиниот сектор и професионалните здруженија од областа на културата кои во текот на изработката на стратегијата,  во рамките на дебатите кои се одржаа, укажаа на  недостатоците и проблемите со кои се соочуваат при спроведување на досегашната  процедура за одлучување и поделба на средствата од Буџетот на Град Скопје наменети за финансирање  на кулурата, се наведува во соопштението од Град Скопје. 

Конкурсот е објавен денеска во дневните весници „Дневник“ и „Коха“ и ќе трае до 9 октомври, а резултатите ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот  веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk

09.09.2014 - 11:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега