Проверете дали утре ќе останете без вода

Без вода утре од 9 часот и 30 минути ќе бидат корисниците од улиците „9-ти Мај“, „Петар Поп Арсов“, „Христо Смирненски“, „Роза Луксембург“, „Костурси херои“, „Васил Стефановски“, „Диме Аницин“ и дел од булеварот „Митрополит Теодија Гологанов“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклуок од ф-80 милиметри на улиците „Борка Талевски“ број 37 и „Петар Поп Арсов“ број 26. Прекинот на вода ќе трае до завршување на приклучокот.

09.09.2014 - 16:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега