Со 700 дадени гола Лазаров ја заврши епизодата во Атлетико Мадрид
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров ја заврши својата тригодишна епизода во шпанскиот клуб Атлетикот од Мадрид.
Лазаров во сите три сезони во овој клуб беше прв клубски стрелец и постигна 680 гола во тимот што го водеше Талант Душебаев.
Лазаров пред три сезони мина од Кроација осигурање - Загреб во Реновалиа Сиудад Реал која потоа се преименува во Атлетико.
Шпанските медиуми објавија дека следна дестинација на најдобриот македонски ракометар најверојатно ќе биде Барселона.
ФОТО: Засе.мк