Бизнисмените од Македонија и Косово на состанок во Приштина
Делегација од Стопанската комора на Македонија денеска во Приштина ќе одржи работен состанок со претставници на Стопанската комора на Косово.
Целта е информирање за актуелната надворешно-трговска размена, но и почеток на најновиот принцип на соработка - испраќање лице од едната комора во другата и негов едномесечен престој.
- Двете комори, како резултат на воспоставениот договор за соработка, а во интерес на членките и во рамките на вкупните економски односи меѓу Македонија и Косово, ќе работат на интензивирање на надворешно-трговската размена, соопшти Стопанската комора на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа