Во јули издадени 209 одобренија за градба
Во јули годинава се издадени 209 одобренија за градење што е за 16,8 отсто повеќе во однос на истиот месец од 2013 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.453.003.000 денари што е зголемување за 344,2 проценти во однос на јули лани.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 146 (69,9%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11,4%) за објекти од нискоградба и 39 (18,7%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 209 објекти, на 141 (67,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 68 објекти (32,5%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 314 станови со вкупна корисна површина од 29.573 метри квадратни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа