Во петок ќе се прска против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека петтиот наврат од авионската и терестричната дезинсекција во 2014 година, против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје, ќе започне на 12.09.2014 (авионско) и 13.09.2014 (терестрично), односно:

 1.  Петтиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2014 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2014 (петок) и 13.09.2014 (сабота), во период од 05.30 до 08.00 часот.

2.  Петтиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2014 година,на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 13.09.2014 до 17.09.2014 (од сабота до среда), во период од 23.00 до 04.00  часот, наредниот ден.

 Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. 

Се известуваат пчеларите навремено да ги изнесат потребните мерки за заштита на пчелите. 

10.09.2014 - 16:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега