Голем часовник ќе биде поставен на општинската зграда во Крива Паланка

 

На иницијатива на кривопаланечкиот градоначалник Арсенчо Алексовски во Крива Паланка се распишува јавен повик за поставување голем часовник на покривниот дел од новата административна зграда која е во фаза на изградба.

- Сметам дека со поставувањето на часовникот градот ќе добие една препознатлива туристичка атракција, истакна Алексовски.

Инаку, новиот часовник веќе е во подготвителна фаза, а проектот би чинел од 10.000 до 12.000 евра. На него освен што ќе има простор за рекламирање на донаторот, од двете страни ќе има стрелки кои ќе го означуваат времето, ќе има и звучно одѕвонување, покажување на датумот и температурата во градот.

најчитано сега