Четири лица обвинети за „убиство од небрежност“ на десет работници во Истанбул

Обвинителството во Истанбул денеска покрена обвиненија против четири лица за „убиство од небрежност“ во врска со несреќата на едно градилиште кога од 32. кат на зграда падна лифт, при што загинаа десет работници.

Надзорникот на градежните работи и тројца мајстори за лифт се обвинети за убиство од небрежност на повеќе од едно лице.

Уште две лица од компанијата за производство и одржување на лифтови, се пуштени од притвор, но им е забрането да ја напуштат земјата. 

Несреќата се случи во саботата на градилиштето на кое се гради станбен блок од 42 ката во самиот центар на Истанбул. 

Гувернерот на Истанбул Хусеин Авни Мутлу изјави дека правосудството ќе објави какви биле пропустите во почитувањето на мерките за безбедноста при работа. 

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека смртта на работниците „била болна и тажна“, ветувајќи детална истрага.

Според податоците на Меѓународна организација на трудот, Турција е на трето место по бројот на несреќите на работното место во светот. 

11.09.2014 - 13:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега