Статистика: До април надворешно-трговската размена 3,4 милијaрди долари

 

Надворешно-трговската размена во првите четири месеци од годинава изнесува 3.406.495.000 долари. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-април годинава изнесува 1.309.912.000 долари, а на увозот 2.096.583.000 долари.

Покриеноста на увозот со извоз изнесува 62,5 проценти. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април, изнесува 786.671.000 долари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Во периодот јануари-април годинава, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27, со 71 процент, и земјите од Западен Балкан со 19,5 проценти. И во увозот на стоки најголемо е учеството на членките на ЕУ, 57,2 проценти, и останати - земји со 12,6 проценти. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. Со тие пет држави се врши 48,8 проценти од вкупната надворешно-трговска размена.

ФОТО: Максим

најчитано сега