Обвинителството на БиХ бара едномесечен притвор за двајца министри

Обвинителството на Босна и Херцеговина побара денеска едномесечен притвор за двајца министри во Владата на Федерацијата БиХ, уапсени под сомнение за даночно затајување и проневера.

Притвор е побаран за заменикот претседател на Владата на ФБиХ и министер за земјоделство Јерко Иванковиќ Лијановиќ и за ентитетскиот министер за трговија Милорад Бахиља.

Покрај нив, побарано е и притвор за уште пет од 14 осомничени меѓу кои и двајца браќа на Иванковиќ Лијановиќ – Јоза и Слава. Четвртиот нивни брат, Младен кој е и пратеник во Парламентот на БиХ и претседател на политичка партија, денеска е пуштен на слобода.

Уапсените се товарат за кривични дела со кои на буџетот му нанеле штета поголема од 11 милиони конвертибилни марки и тоа е најголема акција во пост-Дејтонска БиХ насочена против организиран криминал и даночно затајување. 

11.09.2014 - 16:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега